fbpx

Ferrari со специјална продавница за F8 Tributo во Азија

За да го одбележи стартот во Азија на F8 Tributo, опремен со најмоќното V8 срце меѓу сериските модели, Ferrari изгради посебна продавница во Шангај

„F8 Tributo поставува нови димензии и нуди невидени нивоа на воодушевување за нашите клиенти во Кина“, коментира Анрико Галиера, маркетинг и комерцијален директор на Ferrari S.p.A. „Навистина сме возбудени поради азиската премиера на овој нов V8 спортски автомобил“.

F8 Tributo

F8 Tributo е со димензии – должина 4611 mm, ширина 1979 mm и височина од 1206 mm, а тежината му е само 1330 килограми. Автомобилот е опремен со мотор во V облик, со осум цилиндри, со работна зафатнина од 3.9 литри, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 720 коњски сили и максимален вртежен момент од 770 Nm.

Ferrari F8 Tributo ветува дека ќе понуди на идните сопственици импресивни и динамични параметри, вклучувајќи можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди, од 0 до 200 km/h за 7,8 секунди и максимална брзина на движење од 340 km/h.

Во исто време во продавницата на Ferrari во Шангај ќе бидат демонстрирани и 812 Superfast и Portofino, како и претставник на GTC4Lusso T од специјалната програма Tailor-made.

Поврзани вести

Back to top button