Ferrari тестира модел на струја

Ferrari тестира прототип на патеката Fiorano кој едноставно не дава звук

Видео на автомобилот беше објавено на каналот YouTube PurePerformance, а снимен е и „звукот“. Машината личи на нова верзија на Ferrari 488, кој очигледно е електрифициран. Ова е потврдено со фактот дека автомобилот нависина забрзува без звук од неговиот мотор, на што не сме навикнале.

Според неофицијални информации, оваа верзија на Ferrrai 488 е опремена со сосема нова хибридна единица. Таа го вклучува бензински 3.9-литарски V8 мотор кој работи во комбинација со два електрични мотори и KERS систем за сопирање на кинетичката енергија.

Ова ќе биде втор хибриден автомобил во гамата на италијанската спортска икона.

Во 2013 година, тие го претставија моделот LaFerrari, кој се потпира на 963 КС од 6.3-литарскиот V12, електричен мотор, комплет литиум-јонски батерии и 7-брзински роботски менувач со две спојки. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3 секунди а максималната брзина е 350 km/h.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close