fbpx

Фетел го симна Хамилтон од тронот

Актуелниот шампион најави уште во квалификациите дека е подготвен да ја продолжи серијата од победи на домашна сцена, во трката за Големата награда на Британија, на легендарната петака во Силверстон

Успеа да ги надмудри своите конкуренти за само неколку илјадити дел од секундата и да најави нов голем триумф во британската „автомобилска Мека“, но во трката сметките му ги поматија возачите на Ferrari, Фетел и Раиконен. Се беше некако подготвено за ново славје на Луис Хамилтон, кој влезе во трката самоуверено, како голем фаворит, но сепак спектакуларниот финиш на крајот му припадна на Себастијан Фетел, кој ја искористи понудената шанса, посебно во лудата завршница, каде повторно се покажа поумешна стратегијата на Ferrari во однос на онаа во Mercedes, кога во прашање беше менаџирањето на пневматиците.

Фетел

Фетел знаеше да притисне кога треба и на крајот сепак славеше „на гостински терен“, на најомилената стаза на Хамилтон.

Трката започна со многу возбудувања. Стартот беше повеќе од драматичен и по еден контакт со Раиконен, Хамилтон излета, се сврте и се најде на 18-то место. Но, брзо се консолидира, па за само 10 круга се врати во игра и стигна до шестото место. Раиконен во меѓувреме мораше да одработи казна од 10 секунди во боксот, додека Фетел го презема водството пред Ботас.

Меѓу првите шест секако беа и возачите на Red Bull. Најголемите возбудувања сепак беа на самиот крај. Излегувањето на возилото за безбедност, најнапред за излетувањето на Ериксон , па потоа и поради судирот на Грожан и Саинц, ги поремети стратегиите и предвидувањата, па мораше поинаку и молњевито да се реагира од боксовите.

По првиот инцидент Хамилтон искористи да дојде до третото место пред рестартот, додека двајцата возачи на Ferrari влегоа во боксот за да стават меки гуми.

Пред вториот рестарт на 10 круга пред крајот, водството го имаше Ботас, пред Фетел, Хамилтон, Верстапен и Раиконен. Текот на настаните најавуваа извонредна битка за позициите кои обезбедуваат подиум од сите овие шестмина. Фетел со маестрален маневар го престигна Ботас кој очигледно ги истроши своите медиум гуми, а потоа беше престинат и од Хамилтон и Раиконен кои на крајот се изборија за место на пидесталот.

Четврти на крајот заврши Ботас кој ги издржа последните напади од Рикардо, додека на неколку круга пред крајот, Верстапен се откажа поради своја грешка. Во возбудливиот викенд во Велика Британија, за место меѓу првите 10 се изборија уште Хулкенберг, Окон, Алонсо, Магнусен и Гасли. Фетел сега има осум бодови предност во однос на Хамилтон во генералниот пласман.

Поврзани вести

Back to top button