fbpx

Fiat се откажува од Freemont и го заменува со нов модел

Кросоверoт на Fiat, моделот Freemont не успеа да се наметне на европскиот пазар, а проддажбите во Бразил и Мексико продолжуваат да паѓаат

Ова на крајот го принуди Fiat Chrysler Automobiles да го сопре неговото производство и да го замени со нов модел.

Според Drive, новиот SUV ќе биде изграден на успешниот пикап на Fiat Toro. Автомобилот ужива голема популарност во Јужна Америка и се произведува во фабриката на Fiat во бразилскиот град Гојан. Засега од концернот не даваат детали за возилото, но е факт дека во погоните во Гоjaн се работи со полна пареа над него. Извор на весникот, кој работи во една од компаниите кои ги снабдуваат Fiat со компоненти за моделите, открива дека FCA вложува огромни средства и време во идниот кросовер.

Freemont

Се очекува SUV изданието да го задржи предниот дел на Toro. За да може возилото полесно да се разликува од пикапот, инженерите на Fiat ќе имплементираат сериозно количество хром во каросеријата. Покрај тоа се работи и на модификација на платформата, однсоно растојанието помеѓу двете оски кај SUV-моделот ќе биде намалено од 2.990 (кај пикапот) до 2.750 mm. Што се однесува до моторите, нема да има некои новини. Бензинските мотори се 1,8 литарскиот со 139 КС и 2,4 со 186 КС. Исто така има 2.0-литарски дизел (MultiJet) со 170 КС. Менувачите се рачен шестстепен и два автоматски со 6 или 9 брзини.

Поврзани вести

Back to top button