fbpx

Fiat го освежи целото 500 семејство за Европа

По претставувањето на целосно новиот и електричен Fiat 500, како и унапредените Tipo и Panda, Fiat ја претстави освежената постава на 500 за 2021

Fiat подготви низа освежувања за поставата на семејството 500 за моделската година 2021. Конкретно, Fiat 500, 500X и 500L добија унапредувања кога станува збор за нивоата на опременост и нови опции за бои. Така, за 2021 година, опсегот на Fiat 500 е достапен во пет нови нивоа на опременост – Cult, Connect, Cross, Sport и Dolcevita.

Cult е базичното ниво, но пристигнува со нова, ексклузивна Sicilian Orange боја во комбинација со нов син тапацир во внатрешноста со извезен Fiat монограм и Techno Blue трим на централната конзола. Connect нивото на опременост ги таргетира купувачите кои „сакаат да останат поврзани постојано“. Така, тој се одликува со 7-инчен Uconnect инфозабавен систем со DAB радио, Apple CarPlay и Android Auto како стандард. Тука е и новиот мат сребрен трим на централната конзола кој доаѓа во комбинација со исто така новите Flashy седишта.

Fiat 500 Connect исто така доаѓа и со темпомат, спортски управувач, 15-инчни тркала како стандардни и е финиширан во новата Perbene Grey / Vesuvius Black двобојна „униформа“.

Новото Dolcevita ниво на опременост на Fiat е ексклузивно за малиот 500 и оддава почит на економскиот бум во Италија кон крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години од минатиот век. Ентериерот се карактеризира со нова боја на каросеријата заедно со хромираните детали, стаклениот покрив и опционалниот двобоен финиш.

Fiat 500

Fiat 500X Cross се одликува со нови седишта со камуфлажна тематика и винилни инсерти, 19-инчни тркала, покривни шини и автоматски клима-уред како стандард. 500L исто така е достапен со Cross нивото на опременост. Со тоа го добива истиот кросовер изглед со камуфлажен ентериер, 16-инчни тркала, автоматски клима-уред и задни паркинг сензори, меѓ другото.

На врвот на понудата е Sport нивото, кое нуди уникатен изглед со поагресивни детали. 500 Sport се одликува со специфични браници, прагови, заден спојлер и 16-инчни тркала. Тука  се и новите црни спортски седишта со црвени 500 логоа и новата мат титаниумска централна конзола. Слично на малиот хечбек, 500X и 500L добиваат поагресивен изглед на екстериерот. Но и црн Technoprene ентериер, амбиентално осветлување, Autonomous City Brake и затемнети стакла како стандард.

Fiat 500

Fiat 500 за 2021 година во Европа е достапен со две моторни опции. Првата е благиот-хибриден 1,0-литарски бензинец со 70 КС, а втората е 1,2-литарскиот LPG агрегат со 69 КС. Опсегот на 500X вклучува два бензински мотори, 1,0-литарски мотор со 119 КС и 1,3-литарски со 150 КС. Тука се и двете дизел опции – 1,3-литарскиот агрегат со 95 КС и 1,6-литарскиот со 119 КС. На крајот, 500L е достапен или со 1,4-литарски бензински мотор со 95 КС, или со 1,3-литарски дизел со иста моќност.

Поврзани вести

Back to top button