ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

FIAT Punto без ѕвезди на Euro NCAP тестирањата

FIAT Punto е еден од најстарите модели што се уште е присутен на пазарот

Дека мора да се менува од корен, компактниот Италијанец претставен во 2005 година, стана јасно по последните тестови на Euro NCAP, бидејки оствари најслаби резултати во историјата на организацијата.

Една од причините за слабиот резултат е недостаток на голем дел од модерните системи за безбедност, кои се дел од сериската или опциската опреми на автомобилите сега. Punto мина лошо на тестовите за различните видови удари (челен, страничен и други), па со право се најде на последното место на листата.
FIAT Punto
Во последната тура на тестирани автомобили се најдоа дури 15 возила: Alfa Romeo Giulietta, BMW 6 GT, Dacia Duster, DS 3, Fiat Punto, Ford C-Max, Ford Grand C-Max, Hyundai Kona, Jaguar F-Pace, Kia Stinger, Kia Stonic, MG ZS, Opel Karl, Toyota Aygo и Toyota Yaris. BMW 6 GT, Hyundai Kona, Jaguar F-Pace, Kia Stinger и Toyota Yaris со стандардната опрема се оценети со максимални пет ѕвездички за безбедност, додека Kia Stonic тоа го заслужи со Safety Pack пакетот. Три ѕвезди со стандардна опрема добија Alfa Romeo Giulietta, Dacia Duster, DS 3, Ford C-Max, Ford Grand C-Max, Kia Stonic, MG ZS, Opel Karl и Toyota Aygo. Тојотиниот модел со Safety Pack стигна до четири ѕвездички.
FIAT Punto

Клучни зборови

Поврзани вести

Close