На Филипините „смачкаа“повторно вредни автомобили

Луксузни автомобили со вредност над 6 милиони американски долари беа уништени на Филипините откако се покажа дека биле нелегално увезени во земјата

Покрај 66 скапи автомобили, булдожерите, исто така, уништија неколку мотоцикли, објави Euronews. Операцијата за уништување на возила лично беше предводена од претседателот на државата, Родриго Дуарте, со другите високи државни функционери до него. Меѓу „смачканите“ автомобили беа моделите на Lamborghini, Ferrari, Porsche…

Родриго Дуарте стана претседател на Филипините во 2016 година, ветувајќи радикалните мерки против криминалот. Пред неговото пристигнување, шверцуваните автомобили беа конфискувани и продавани на аукција, а парите влегуваа во буџетот. Дуарте, сепак, се откажа од овие мерки, изјавувајќи дека владата не може да прима приходи од криминални активности.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close