fbpx

Познати финалистите за изборот Autobest 2018

Citroen C3 Aircross, Ford Fiesta, Honda Civic, Opel Grandland X, SEAT Ibiza и Volkswagen T-Roc се финалистите за изборот Autobest 2018

Овие автомобили ќе се конкурираат за титулата Best Buy Car of Europe in 2018, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена.

Жирито составено од 31 член ќе ја донесе својата финална одлука и ќе гласа во наредниве неколку недели, а победникот ќе биде прогласен на 15 декември. Во согласност со правилата, жирито може да одлучи колку финалисти ќе има во изборот.

Autobest 2018

– Овие шест извонредни изданија годинава ги убедија членовите на жирито да ги номинираат во финалето. Значи, имаме шест финалисти за Best Buy Car of Europe in 2018, рече Дан Варди, основач и претседател на Autobest организацијата.

На 29 и 30 ноември, жирито ќе се собере на патеката Ваирано покрај Милано, во Италија, за финалните тестирањата. „Жирито ќе ги спроведе најрелевантите и најкомплексни тестови спроведени од автомобилските медиуми. Минатата година ги воведовме нашите споредбени тестови на јавни патишта и затворена патека благодарение на одличната соработка со ASC Vairano, на тест-патеката на Quattroruote, водечката италијанска автомобилска ревија. Исто така воведовме и најнапредна форма на Q & A сесија во автомобилската индустрија“, истакна во конекст на оваа фаза, Илиа Селиктар, претседателот на жирито.

ECOBEST 2018 наградата, европското водечко признание за најрелеванти еколошки производи, технологии и проекти, ја добива PSA за тестовите за реалната потрошувачка спроведени во соработка со Bureau Veritas, T & E и France Nature Environment (FNE). Ова е прв пат во индустријата производител на автомобили – PSA, да се здружи со три независни организации за применување научен пристап за мерење на потрошувачката во реални услови. Во период во кој доминира сомневањето дека повеќето од објавените податоци за потрошувачката не се блиску до реалноста, проектот на PSA ја покажува определбата на францускиот производител на автомобили да биде фер со своите клиенти.

Годинава DESIGNBEST е за Марек Рајхман, главниот дизајнер и главен креативен директор на Aston Martin Lagonda. Зачекорувајќи во оваа единствена алеја на славните резервирана само за најдобрите автомобилски дизајнери, Рајхман го доби ова признание за својата извонредна работа кај британскиот производител на автомобили. Дизајнерот на некои од најпознатите автомобилски икони од последната деценија, вклучувајки неколку и за Џејмс Бонд, е еден од најталентираните и највлијателни на нашето време. Тој направи извонреден придонес за еволуцијата на Aston Martin од производител на луксузни автомобили во луксузен бренд, нудејки многу производи, услуги и искуства.

SMARTBEST 2017 наградата ја добива SEAT за пионерската соработка со Alexa, прва во автомобилската индустрија. Иако не е ексклузивен, изборот на Amazon да стане партнер најпрво со SEAT во имплементирањето на светски познатата Alexa претставува значаен чекор во технологиите за поврзување на денешните автомобили. Престижната SAFETYBEST награда годинава ја освои Toyota за тоа што го направи својот напреден Safety Sense систем стандарден кај речиси сите свои автомобили. Овој потег донеси високо ниво на активна безбедност кај скоро сите автомобили што се продаваат низ Европа и во голема мерка е во согласност со уверувањата на AutoBest. Жирито е посебно импресионирано од темпото со кое Toyota го имплементираше овој широк безбедносен пакет во својата гама. Веќе сега повеќе од девет од десет автомобили – 92 проценти да бидеме прецизни – што се продаваат во Европа се опремени со Toyota Safety Sense.

Членовите на AUTOBEST жирито претставуваат 31 европска земја, сочинувајки го најголемото независно автомобилско жири во светот според бројот на застапени држави. Церемонијата на доделување на признанијата ќе се одржи во првата половина од февруари 2018-та, во Салцбург, во Австрија.

Поврзани вести

Back to top button