ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Познати финалистите за GREEN CAR OF THE YEAR 2018

Green Car Journal ги објави имињата на петте возила, кои стигнаа до финалната фаза на изборот на GREEN CAR OF THE YEAR 2018, од кои еден од нив ќе го наследи актуелниот носител на титулата Chevrolet Bolt

Во финалната петорка на GREEN CAR OF THE YEAR 2018 се вклучени Honda Accord, Honda Clarity, Hyundai Ioniq, Nissan LEAF и Toyota Camry. Името на победникот ќе биде објавено на 30-ти ноември во Los Angeles Convention Center, а официјалната церемонија ќе се одржи традиционално, како последните 12 години, во AutoMobility LA (LA Auto Show).

GREEN CAR OF THE YEAR 2018– Финалистите во овогодинешното издание на GREEN CAR OF THE YEAR одразуваат непрекината еволуција на автомобилите и желбата за постигнување на уште поголема еколошка компатибилност, коментира Рон Коган, издавач на Green Car Journal. – Секој од нив демонстрира еколошка насоченост на различен начин – со употребата на електричен погон, високоефективен мотор со внатрешно согорување или таков комбиниран со електричен погон, како и со водород. Најважно е дека тоа се возбудливи модели кои им нудат на корисниците различни начини да бидат еко во склад со нивните уникатни потреби. Во финалната фаза на минатогодишното издание на GREEN CAR OF THE YEAR беа BMW 330e, Chevrolet Bolt, Chrysler Pacifica, Kia Optima и Toyota Prius Prime.

Минатогодишниот победник на GREEN CAR OF THE YEAR 2017 е Chevrolet Bolt EV

GREEN CAR OF THE YEAR 2018

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close