fbpx

Познати финалистите за Светскиот автомобил на годината за 2018

Организаторите за Светски автомобил на годината за 2018 објавија листа на финалистите кои ќе се борат за престижните награди на овој престижен избор

На листата се наоѓаат 10 модели- три јапонски, по два германски и англиски и по еден шведски, јужнокорејски и италијански. Победникот ќе биде познат на 28 март на Салонот за автомобили во Њујорк. За титулата ќе се борат: Alfa Romeo Giulia, BMW X3, Kia Stinger, Land Rover Discovery, Mazda CX-5, Nissan Leaf, Range Rover Velar, Toyota Camry, Volkswagen T-Roc и Volvo XC60.

Светскиот автомобил на годината за 2018

Во категоријата Најрепрезентативен автомобил за првото место ќе конкурираат: Audi A8, BMW 6 Gran Turismo, Lexus LS, Porsche Cayenne и Porsche Panamera. За најдобар во категоријата Спортски автомобили претендентите се: BMW M5, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio, Audi RS Sedan, Honda Civic Type R и Lexus LC 500. За победата во класата Најдобар зелен автомобил ќе се натпреваруваат: BMW 530e iPerformance, Chevrolet Cruze Diesel, Chrysler Pacifica Hybrid и Nissan Leaf, а за Најдобар градски модел: Ford Fiesta, Hyundai Kona, Nissan Micra, Suzuki Swift. На крајот во категоријата Најдобар дизајн, до финалето стигнаа: Citroen C3 Aircross, Lexus LC 500, Range Rover Velar, Alpine A110 и Volvo XC 60.

Минатата година за Светски автомобил на годината беше прогласен Jaguar F-Pace, а во 2016 година признанието го освои Mazda MX-5.

Поврзани вести

Back to top button