Ова се финалистите за Европски автомобил на годината 2020

Борбата за титулата Европски автомобил на годината 2020 продолжува, а сега објавен е потесниот список на номинираните автомобили

По последната рунда на гласање, жирито го скрати списокот од 35 кандидати на само 7. За да бидат квалификувани за наградата, сите автомобили треба да бидат нови и достапни во најмалку пет европски земји.

Финалисти за Европски автомобил на годината 2020 по азбучен ред:

BMW Серија 1
Ford Puma
Peugeot 208
Porsche Taycan
Renault Clio
Tesla Model 3
Toyota Corolla

„Овој потесен список ги претставува тековните развојни насоки во автомобилскиот бизнис. Гледаме дека електрификацијата е во прогрес, како и највисоките стандарди кај моторите со внатрешно согорување“, изјави претседателот на жирито за Автомобил на годината, Френк Јансен.

Европски автомобил на годината 2020

„Електричните возила се претставени од Porsche Taycan, како и Tesla Model 3, додека својот пат до масовниот пазар го прави и Peugeot 208 кој ќе биде достапен и во електрична верзија. BMW Серија 1 потенцира дека технологијата на моторот со внатрешно согорување сè уште има огромен потенцијал“, додаде Јансен.

Жирито ќе се состане уште еднаш за последниот круг на гласање кон крајот на февруари. Тогаш ќе биде прогласен големиот победник, а објавен ќе биде на 2ри март, на отворањето на Саемот за автомобили во Женева во 2020 година.

Минатата година, добитник на признанието беше електричниот SUV на Jaguar, I-Pace, кој исто така ја освои и наградата за Светски автомобил на годината.

Поврзани вести

Back to top button