fbpx

Ford Bronco би можел да пристигне во Европа

Ford на почетокот истакна дека нема да го понуди својот теренец Bronco во Европа, но сега се чини дека се предомислуваат

Новиот Ford Bronco неодамна ја започна својата авантура во Северна Америка и успеа да привлече сериозен интерес кај љубителите на вистинските теренци. Но, овој SUV на „Синиот овал“ засега е недостапен за европските купувачи, а иако првичните информации беа дека Ford Bronco нема да пристигне во Европа, сепак не значи дека тоа нема да се промени во блиска иднина. Имено, Џим Фарли, извршниот директор на американскиот гигант, смета дека Ford Bronco одлично би се снашол на Стариот континент.

Во разговор со Auto Express, Фарли истакна дека е оптимист околу тоа како Bronco би се снашол во Европа. „Со сигурност ќе успее. Ги гледам сите овие Defender модели наоколу и сигурен сум дека Bronco може да постигне успех. Мислам дека одлично ќе се снајде. Чекаме да видиме дали европскиот Ford (Ford of Europe) дали ќе одлучи дека го сака Bronco“.

Ford Bronco Европа

Инаку, уште во 2019 година Ford го патентираше името Bronco во Канцеларијата за интелектуална сопственост при Европската унија, така што оваа опција дефинитивно останува отворена за „Синиот овал“.

Најновите информации од Фарли јасно сугерираат дека Ford размислува за тоа Bronco, кој првично е развиен во целост за северноамериканскиот пазар, да пристигне и во Европа, но најверојатно ќе биде достапен само за континенталниот дел од Европа, без пласман во Велика Британија.

Со ова, Ford Bronco ќе стане нов конкурент во сегментот на теренци покрај Jeep Wrangler, Land Rover Defender и некои други модели кои припаѓаат во овој малуброен сегмент. Во случај европскиот огранок на Ford да пресече дека сака да го пласира Bronco, тогаш овој модел би можел да се појави во Европа најверојатно во 2023 година.

Поврзани вести

Back to top button