fbpx

Ford Bronco Riptide концепт наменет за авантури

Ford го претстави својот уникатен Bronco концепт кој го добива името Riptide и е замислен како ултимативно возило за авантуристите

Bronco Riptide е нов концепт од Ford кој ги следи стапките на Bronco OG и Bronco + Filson Wildland Fire Rig концептите кои беа прикажани минатата година, а новиот модел е „дизајниран за спонтани авантури во природата“.

Најновата креација на компанијата е базирана на Bronco со четири врати со Sasquatch пакетот и пристигнува со отстранети покривни панели. Исто така, отстранети се традиционалните врати и се заменети со конструкција од цевки. Ford го опреми концептот и со покривна шина наменета за даска за сурфање, а екстериерот е финиширан во Veolcity Blue боја која „треба да ги евоцира тропските нијанси на океанот“.

Bronco Riptide

Голем број од деловите кои се користени од страна на Bronco Riptude се достапни како додатоци преку продажните ланци на Ford. Тука се вклучени Bestop Bimini Top, Yakima шините за велосипед и RIGID LED светлечката лента и оф-роуд светлата. Концептот исто така добива и уникатен челичен преден браник и исто така помага во демонстрирањето околу тоа како кровните шини можат да се монтираат без да има последици по мекиот покрив.

Кабината на Bronco Riptide е финиширана во Black Onyx и Dark Space Gray материјали комплетирани со седишта винил и гумирани патосници кои овозможуваат лесно перење. Со оглед на тоа дека е базиран на Sasquatch пакетот, моделот исто така добива и 35-инчни пневматици за кал, 17-инчни Ford Performance тркала, Dana предна и задна оска со заклучување, Bilstein амортизери со позициона чувствителност за долги патувања и ексклузивниот Bronco Terrain Management System со седум режими наменети за сите терени.

Поврзани вести

Back to top button