fbpx

Ford Explorer ќе ја освојува Европа

Американскиот производител Ford ги објави техничките детали и цената за SUV моделот Ford Explorer со plug-in хибриден погон

Ford уште пред околу една година го најави пристигнувањето на хибридниот SUV Explorer на Стариот континент, а сега овој модел конечно се најде и во продажните салони во Германија. Еxplorer Plug-in Hybrid (PHEV) се напојува благодарение на 3,0-литарскиот EcoBoost V6 бензински мотор и електромтор кои заедно произведуваат 457 КС и 825 Nm максимален вртежен момент, додека електричната енергија се складира во литиум-јонска батерија со капацитет од 13,6 kWh.

Во чисто електричен режим за возење, овој SUV може да помине до 42 километри пред да се испразни батеријата и да се вклучи бензинскиот мотор. Просечната потрошувачка изнесува 3,1 литар на 100 километри, а емисијата на CO2 изнесува 71 g/km. Двата податоци се добиени според WLTP мерните стандарди.

Батеријата на класичен домашен приклучок од 230 волти може да се дополни за 5 часа и 50 минути, додека ова време се крати на 4 часа и 20 минути ако се користи опциониот Ford Connected Wallbox полнач или јавна станица за полнење со слични карактеристики.

EcoBoost бензинскиот мотор е поврзан со 10-степен автоматски менувач, додека моќноста се пренесува на сите четири тркала преку Intelligent All-Wheel Drive системот, а на возачот му се на располагање дури седум предефинирани режими на возење. Explorer PHEV може да повлече приколка со маса до 2.500 килограми, кабината е стандардно опремена со три реда на седишта во кои можат да се превезуваат до 7 лица.

Ford Explorer во воведната верзија доаѓа со ST-Line опременост

Во внатрешноста се истакнува и 10,1-инчниот екран од инфозабавниот систем SYNC 3 поставен на врвот од централната конзола како таблет, додека пред возачот се наоѓа уште еден дигитален екран со големина од 12,3 инчи кој пристигнува на местото на класичната инструмент табла. Како стандарден дел од опремата пристигнува и B&O аудио системот со 14 звучници.

Ford Explorer

Списокот на системи за асистенција кои се нудат во Ford Explorer за Европа е прилично долг, а меѓу останатите се нудат и адаптивен Cruise Control со Stop & Go функција, Speed Sing Recognition, Lane Centring, Reverse Brake Assist, Active Park Assist 2, Blind Spot информациски систем со Cross Traffic аларм, асистент за избегнување на судири со функција за активно кочење, камера од 360 степени…

Продажната офанзива на овој модел во Европа штотуку започна, па Ford ги објави цените за Explorer со plug-in хибридна технологија во Германија чини од 76.000 евра во ST-Line пакет на опрема, односно 77.000 евра во пакетот Platinum. Според цената, Ford Explorer e во рангот на BMW X5 xDrive 45e, стандардниот Mercedes-Benz GLE 350 со 2,0-литарски дизел мотор и електромотор како и plug-in хибридниот Audi Q7 55 TFSI, но според опременоста Ford Explorer во Европа уште од воведната верзија пристигнува со ST-Line ниво на опрема и со сето погоре набројано цената можеби и не делува толку „страшно“.

Поврзани вести

Back to top button