НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Следниот Ford Focus RS ќе биде хибрид

Ford ќе ја претстави следната генерација на Focus во април, но информациите за најмоќниот RS модел веќе се објавени. Според AutoInternationaal, „сверката“ ќе се потпира на хибриден погон

Се очекува новиот Focus RS да добие дополнителен електричен мотор со 48 волти. Вкупната моќност на погонската единица ќе изнесува 400 КС и 600 Nm вртежен момент, што е 25 КС и 100 Nm повеќе од сегашната RS во верзијата Mountune.

Focus RS

Новиот погон ќе работи заедно со 6-брзински мануелен менувач. Таквата моќ ќе му овозможи на Focus RS да „одговори“ на автомобили како што се Mercedes-AMG A45 и Audi RS3 Sportback. Забрзувањето од 0 до 100 km/h на Ford ќе трае 4 секунди, со што ќе ги надмине двата германски конкуренти. Оние кои сакаат да имаат ваковј автомобил сепак ќе мора да почекаат до 2019 година. Пред ова Ford ќе ја претстави верзијата ST со 275 КС, а таа ќе дебитира пред публиката на автосалонот во Париз, наесен.

Focus RS

Focus RS

Клучни зборови

Поврзани вести

Close