fbpx

Ford Focus со освежување и благ хибриден погон за Европа

Американскиот производител Ford направи мало освежување на својот популарен хечбек Focus кој сега во Европа ќе го нуди со два хибридни погони

Како што ветија пред повеќе од една година, Ford Europe претстави два благи хибридни погони за Fiesta, a сега на ред пристигна и Focus. Ford ја додава 48-волтната блага хибридна технологија во комбинација со 1,0-литарскиот EcoBoost мотор кој нуди 123 КС, односно 153 КС. Благодарение на хибридната технологија, помоќната верзија сега има потрошувачка од 5,1 литри на 100 километри (според WLTP), додека емисијата на CO2 изнесува 93 g/km според NEDC.

Според информациите од Ford, сега Focus има 17 проценти поголема ефикасност во споредба со погоните кои ги заменива. Двата благи хибридни погони го заменуваат стандардниот алтернатор кај 1,0-литарскиот EcoBoost бензински мотор со интегриран стартер-генератор. Со ова се овозможува искористување на енергијата која обично се губи при сопирањето за да се полни 48-волтната литиум-јонска батерија. Стартер-генераторот исто така има улога и на мотор, користејќи ја складираната енергија да обезбеди вртежен момент при нормално возење и забрзување, како и да ги напојува електричните помошни функции.

Покрај двата хибридни погони, освежениот Ford Focus и понатаму го нуси 1,5-литарскиот EcoBlue со 120 КС, односно 2,0-литарскиот EcoBlue со 150 КС турбо дизел мотори, кои се достапни со шестстепен мануелец или осумстепен автоматски менувач. Купувачите кои сакаат бензински мотор без блага хибридна технологија имаат само еден избор, а тоа е основниот 1,0-литарски EcoBoost со 125 КС кој се нуди со шестстепен мануелен менувач или опционалниот осумстепен автоматик.

Освежување во ентериерот

Покрај новата електрифицирана опција, Ford Focus за 2021 моделската година добива и целосно конфигуриран 12,3-инчен LCD инструментален кластер со заоблени горни рабови и стандарден FordPass Connect модем. Вториот за прв пат им нуди можност на возачите за Local Hazard Information известувања, како и заклучување и отклучување на вратите, далечински Start4 за Focus моделите со осумстепена автоматска трансмисија, Vehicle Locator и Vehicle Status функции.

На крајот, освежениот Ford Focus исто така добива и нов Focus Connected ниво на опременост со унапредена понуда на стандардни технологии, како што се бежична подлога за полнење на телефон, SYNC 3 со навигација, адаптивна Cruise Control, предни и задни паркинг сензори и задна камера.

Ford Focus останува достапен во Titanium, Active, ST-Line и Vignale нивоа на опременост, во хечбек, караван и седан каросериска изведна (последниот само во Турција и Романија).

Ford потврди дека ќе продолжи со пласирањето на хибридни и електрични возила во Европа и дека до крајот на следната година ќе има вкупно 18 возила во понудата.

Поврзани вести

Back to top button