Ford Galaxy и S-Max добија и премиум изведба

Ford најави серија на новитети за 2020 Ford Galaxy и S-Max, кои сега добиваат визуелно ажурирање и нова опрема

Во 2020, Ford Galaxy и S-Max влегуваат со нов премиум пакетот Vignale, кој вклучува „летечки V“ потпис на решетката и хромирано обложување по целата надворешност.

Внатре, Galaxy Vignale добива кожна инструмент табла и централна конзола, со сиво шиење, волан со греачи и алуминиумски акценти. S-Max Vignale додава предни седишта со опции за греење и ладење, со електрично прилагодување и функција за масажа.

Ford

Со цел да се разликуваат во однос на стандардните, S-Max и Galaxy добиваат ревидирани предни краеви. Trend и Titanium моделите добиваат светла хромирана горната маска и обложување на светлата за магла, додека спортскиот S-Max ST-Line доаѓа со уникатна решетка со саќе дизајн, со црно опкружување. Новите опции за тркалата го комплетираат ревидираниот изглед, со 18-инчни дво-тонски фелни достапни за S-Max и Galaxy Titanium, а 17-инчните дво-тонски се достапни за Galaxy Titanium.

Новите S-Max и Galaxy се погонувани од 2,0 литарски дизел мотор, кој произведува излезни 150, 190 и 240 коњски сили. Основните модели добиваат шест-степен рачен менувач, додека ажурираниот осум-степен автоматски менувач е достапен кај моделите со повеќе спецификации.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close