Ford го лансираше Kuga Hybrid моделот

Ford започнува со производство на новиот Kuga Hybrid, самополнечка верзија на електфицираниот SUV во својата фабрика во Валенсија

Новиот Ford Kuga Hybrid се приклучува на plug-in хибридниот и EcoBlue Hybrid моделите во опсегот на компактниот SUV на компанијата, моделот Kuga. Моќноста се добива од 2,5-литарскиот четирицилиндричен мотор кој е споен со електромотор и водено ладена 1,1 kWh батерија, со што се нуди вкупно 190 КС. Хибридната единица пристигнува во комбинација со CVT менувачот на Ford кој е дизајниран специјално да работи со 2,5-литарски мотор со Аткинсонов циклус.

„Ги слушавме внимателно купувачите за да се осигураме дека Kuga Hybrid навистина испорачува кога станува збор за возачките карактеристики. Симулирачката функција на менување брзини го прави овој SUV уште подиректен за возење со препознатливоста на традиционалната ‘замена на запчаници’, плус дополнителна придобивка е ограничувањето на бучавата на моторот“, изјави Глен Гулд, програмскиот шеф инжинер на Kuga.

Новата Ford Kuga Hybrid од нула до „стотка“ може да стигне за 9,1 секунда и испорачува комбинирана економичност на гориво од 5,4 литри на 100 километри, додека емисијата на CO2 изнесува 125 грами по километар според WLTP. Од Ford велат дека 54-литарскиот резервоар и овозможува на Kuga Hybrid да понуди повеќе од 30 проценти поголем опсег на движење од она што го има Kuga plug-in хибридната верзија, дури до 1.000 километри со еден резервоар гориво.

Од Ford исто така додадоа и систем за разменување на топлина на издувните гасови за да се помогне моторот побрзо да стигне до посакуваната температура и да овозможи погон единствено на струја побрзо по ладниот почеток. Новата Kuga Hybrid нуди и влечен капацитет до 1.600 килограми.

Ford Kuga Hybrid

Три варијанти, погон на четири тркала, FordPass…

Ford Kuga Hybrid исто така е првата електрифицирана Kuga кога ќе биде понудена со опционален погон на сите четири тркала, иако AWD опцијата ќе биде достапна само на неколку пазари во Европската унија. Ford ќе ја нуди новата Kuga Hybrid во ST Line Edition, ST Line X Edition и Vignale варијанти. Сите модели ќе пристигнат со FordPass Connect моделот како стандард, со што ќе се нуди Live Traffic унапредувања и далечински сервиси преку FordPass мобилната апликација како што заклучување и отклучување на вратите, стартуваењ на моторот и локатор на возилото.

SYNC 3 инфозабавниот систем на Ford со 8,0-инчен екран на допир е опционален, исто како и премиум B&O аудио системот. Опсегот на системи за асистенција на возачот вклучуваат адаптивен темпомат со Stop & Go функција, препознавање на знаци за ограничување на брзина, центрирање во коловозна лента, активна асистенција за паркирање и новиот систем за одржување на коловозна лента со асистенција за слепа точка.

Поврзани вести

Back to top button