fbpx

Ford го претстави електричниот тркач Mustang Mach-E 1400

Сериската изведба на електричниот кросовер Ford Mustang Mach-E ќе се појави во продажните салони кон крајот на тековната година

Во меѓувреме, Ford одлучи да го претстави тркачкиот електричен автомобил Mustang Mach-E 1400, кој има за цел да ја најави и рекламира верзијата која ќе влезе во масовно производство. Прототипот Mustang Mach-E 1400 е развиен од страна на Ford Performance и RTR Vehicles специјализирана за тјунирање на Ford возила. За развојот на овој прототип, двете компании вложиле над 10.000 часа работа.

За разлика од продукциската верзија, тркачкиот Mustang Mach-E 1400 ја задржа каросеријата, иако предниот дел и аеродинамичната „опашка“ се изработени од карбон, додека хаубата е обликувана со користење на органски композити.

Спојлерите и останатите елементи обезбедуваат вертикален аеродинамичен притисок до 1.043 kg F при движење од 257 километри на час. Инаку, компанијата не сака да ја открие максималната брзина на овој уникатен кросовер, но се напоменува дека споменатата граница е и тоа како достижна.

Инаку, во споредба со продукциската верзија на Mustang Mach-E, која користи еден или два електромотори, овој специјален примерок има дури седум. Три се поставени на предната осовина, додека четири се на задната. Двете осовини се опремени со конвенционални диференцијали, споени со електромоторите преку погонските осовини. Најголемата излезна моќност на седумте електормотори изнесува 1.400 КС. Зависно од потребите, контролната единица определува колку и на која осовина ќе биде испратена моќноста.

Mustang Mach-E 1400

Прототипот поседува понапредно и поскапо батериско пакување составено од литиум-никел-манган-кобат-оксид ќелии. Нивниот капацитет не е преголем и изнесува 56,8 kWh, но ги краси поголема можност за енергетска размена и поефикасен разладувачки систем.

Конструкторите истакнуваат дека Ford Mach-E 1400 е во состојба да учествува на трки на патеките, но и на улични трки. Дебито на новајлијата ќе се случи со настап во трките на NASCAR. Потоа Ford ќе го користи прототипот за тестирање на нови компоненти, решенија и материјали.

Поврзани вести

Back to top button