fbpx

Ford GT Heritage Edition како потсетник на оригиналниот GT

Првично лансиран во 2015 година, Ford GT суперавтомобилот влегува во последната година од производството, а за таа цел компанијата подготви специјално издание

Ford го претстави новиот GT 64 Heritage Edition кој му оддава почит на Ford GT прототипот од 1964 година. Шестиот и последен Heritage Edition на Ford GT е финиширан во Wimbledon White боја со црна хауба и тројни тркачки ленти. Исто така, суперавтомобилот се одликува со експониран карбон на сплитерот, страничните прагови, капаците за ретровизорите, отворите на хаубата и задниот дидфузер, како и 20-инчните карбонски тркала финиширани во Antimatter Blue боја. Зад нив се наоѓаат Brembo сопирачки во сребрена боја со црни графики.

Во внатрешноста, овој специјален примерок на Ford GT пристигнува со карбонски седишта прекриени со Lightspeed Blue Alcantara антилоп тапацир со сребрен штеп. Инструменталниот панел е обложен со Ebony кожа, додека покривната прекривка, управувачот и столбовите се прекриени со Ebony Алкантара.

Ford GT Heritage Edition

Претходните Heritage Edition модели ги вклучуваат Ford GT 66 (27 единици) од 2017 година, Ford GT 67 (39 единици) од 2018 година, Ford GT 68 Gulf Livery (50 единици) од 2019 година, Ford GT 69 Gulf Livery (50 единици) од 2020 година и на крајот Ford GT 66 Daytona од 2021 кој во моментов е во продукциска фаза.

Инспирација од единствениот прототип со оригинален изглед

Изворот на инспирацијата за овој конкретен Heritage Edition модел е Ford GT прототипот од 1964 година кој дебитираше на Меѓународниот салон за автомобили во Њујорк. Од петте Ford GT прототипови кои биле направени, има само еден „преживеан“ примерок кој ја носи оригиналната „униформа“, а тоа е GT/105.

Според Ford, GT/101 и GT/102 примероците се отфрлени по тестовите правени за Ле Ман и Монца. Откако завршија на првото и третото место на Дејтона во 1965 година, GT/103 и GT/104 добија нова боја и беа изложени во Shelby Museum во Колорадо.

Од Ford не откриваат дали се направени некакви промени за овој Ford GT Heritage Edition. Ова значи дека е и како секој друг Ford GT модел од 2020 година, односно има средно поставено 3,5-литарски битурбо V6 мотор кој испорачува 669 КС и поседува стандарден Akrapovič титаниумски издувен систем.

Ford GT Heritage Edition

Производството на Ford GT 64 Heritage Eidition треба да започне во јануари 2022 година. Ford веќе ги отвори книгите за нарачки.

Поврзани вести

Back to top button