Ford и Argo AI со трета генерација на автономни возила

Ford и Argo AI ја претставија својата трета генерација на автономниот хибриден Fusion

Заснован на хибридната изведба на Ford Fusion, автомобилот е опремен со значително надграден сензорски пакет, кој вклучува нови камери и нови радарски сетови. Argo AI вели дека камерите се со поголема резолуција и имаат поголем динамички опсег. Ова им овозможува подобро да ги препознаат предметите што се далеку.

Освен сензорските надградби, автомобилот е опремен и со целосно нов компјутерски систем кој нуди многу поголема процесорска моќност од својот претходник. Се работи за надграден софтвер со подобрени системи за термичко управување, кои создаваат помалку топлина и бучава. Ова е од особена важност, бидејќи никој не сака да се вози во топол и бучен автономен автомобил.

Ford и Argo AI, исто така, работат на зголемување на безбедноста на автономните возила. Како дел од овој напор, моделите од третата генерација се опремени со дополнителни системи за сопирање и управување, што им овозможува безбедно запирање во случај на дефект.

Ford Argo AI

Претседателот на Argo AI, Питер Рендер, вели дека возилата од третата генерација се “чекор поблиску до спецификациите за производство”. Новите модели ќе бидат распоредени во Питсбург, Пало Алто, Мајами и Вашингтон, а тестирањето исто така ќе биде проширено и во Детроит. Како град, Детроид ќе има значителен придонес кон ова тестирање, поради своите сообраќајни услови, како неозначени ленти, тесни улици со паркирани автомобили и станбени населби со надвиснати гранки на дрвјата.

Тестовите ќе помогнат да се подобри технологијата додека Ford се подготвува да воведе автономен модел во 2021 година. Се планира да се користи полуавтономниот возен систем од четврто ниво, кој ќе му овозможи на моделот да вози во дефинирана градска област, само кога времето е доволно добро за сензорите да работат правилно.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close