fbpx

Ford ја претстави Puma ST

Ford Performance конечно и официјално го претстави својот најмал SUV и првиот кросовер развиен за европскиот пазар, моделот Puma ST

По примерот на Focus и Fiesta, Ford го примени ST третманот и за својот мал кросовер Puma. Иако не е првиот SUV кој Ford го нуди со значката ST, сепак Puma ST е првиот таков SUV на компанијата во Европа. Станува збор за индиректен наследник на ретката Racing Puma, но во многу попрактична форма со цел да одржи чекор со времето и барањата на пазарот.

Поставен на платформата на Fiesta ST, Ford Puma ST се напојува со истиот 1,5-литарски EcoBoost турбо трицилиндричен бензински мотор кој испорачува 200 КС и 260 Nm максимален вртежен момент. Иако моќноста е идентична со ST верзијата на Focus, максималниот вртежен момент е 30 Nm поголем со што се добива засилена респонзивност. Овој перформансен SUV од нула до „стотка“ стигнува за 6,7 секунди, додека максималната брзина изнесува 220 километри на час.

Неколку промени во однос на „близнакот“ Fiesta ST

Од Ford Performance велат дека направиле ревизија на издувниот систем со цел повеќе да одговара на SUV карактерот на Puma ST, правејќи го 1 децибел потивок од Fiesta ST што придонесува за порелаксирачко чувство при возењето.

Инаку, моторот на Puma ST е во комбинација со шестстепен мануелен менувач кој нуди подобрени перформанси. Како опција, Puma ST може да добие и диференцијал со ограничено пролизгување. Ford наведува дека дополнително работел на системот за потпирање и на сопирачките, како и на управувањето, се со цел подобрена возна динамика.

Ford Puma ST

Ford Puma ST е поставена на 19-инчни тркала кои се обложени со специјално развиени Michelin Pilot Sport 4S гуми кои помагаат да се допринесе за „најагилното Ford SUV возачко искуство досега“, без да се жртвува квалитетот на возењето. Според Ford, респонзивноста на управувачот е 25 проценти побрза од претходно. Возачките режими се клучот за разновидноста на Puma ST, a перформансниот кросовер нуди Normal, Eco, Sport и Track режими на возење. Освен тоа, задната суспензија на автомобилот е 40 проценти потврда во однос на Fiesta ST и истовремено 50 проценти потврда во споредба со регуларниот Puma модел.

Ford Puma ST

Тука се и визуелните промени во однос на стандардниот кросовер. Ford Puma ST ќе се нуди со шест бои на каросеријата, од кои зелената наречена Mean Green е достапна само за овој перформансен кросовер. Без оглед на избраната боја, покривот, куќиштата на ретровизорите и задниот спојлер остануваат црни.

Ford Puma ST

Во кабината се наоѓаат нови Recaro седишта, потоа поинаков управувач со рамно дно, како и нова рачка на менувачот, што допринесува за значително поинаков впечаток во однос на стандардното издание на малиот SUV на Ford.

Поврзани вести

Back to top button