fbpx

Ford е брoj 2 непремиум бренд во прегледот на J.D. Power за 2017

Ford се искачи на втората позиција меѓу сите непремиум брендови во прегледот за квалитет на J.D. Power за 2017 година

Ова е најдобро рангирање на брендот досега во 31-годишната историја во извештајот.

Ford го намали бројот на проблеми на 100 возила. Неговата бројка за 2017 година изнесува 86 проблеми, во однос на 102, кои беа регистрирани во текот на 2016. Тоа е навистина огромен скок за американската компанија, која полека го враќа имиџот на водечки бренд.

– Ford се развива со далеку позабрзано темпо, постојано лансираме некои свои иновации, па веруваме дека ова води и до подобар квалитет на нашите остварувања. И овој пласман, најдобар досега за квалитетот, покажува дека нашите нови технологии се сигурни и лесни за употреба, вели Бени Фоулер, потпретседател за квалитет во Ford. – Брзите подобрувања оценети од независни експерти за квалитет, како што се J.D. Power, не мотивира да ја подобриме нашата форма, бидејки битката за квалитет е трка која никогаш не престанува. Задоволство е да се каже дека дури седум автомобили на Ford и Linkoln се во првите 3 во нивните сегменти. Ford Expedition и Mustang добија врвни почести во своите класи.
J.D. Power

J.D. PowerFord обезбедува напредни иновации со подобар квалитет од просекот, бидејки индустријата континуирано бара предизвици при претставувањето на нови технологии, меѓу кои и системи за поврзување и за помош на возачот. Кај Ford околу 70% од возилата се опремени со најсовремена технологија SYNC 3 со значителни подобрувања во квалитетот. Компанијата нуди повеќе модели во САД со популарните системи за помош на возачот, како адаптивен темпомат и предупредувањето за претстојниот судир од кој и да е друг производител со ваква гама на автомобили. Тука е и бразата експанзија на модерната EcoBoost технологија и иновации за да се олесни конструкцијата.– Влегуваме во возбудлив нов период на иновации и мобилност, затоа е многу важно да продолжиме да го држиме фокусот на клиентот во центарот на сè што правиме, вклучително да осигураме и нови квалитетни технологии”, заклучи Фоулер.

Поврзани вести

Back to top button