fbpx

Ford и LEGO® со играчка за Mustang од 1967 година

Ford и LEGO® Group споделија уште една соработка во форма на посебен комплет

Овој пат возилото за монтажа е исклучително специјален, односно станува збор за Mustang 1967 година. Комплетот LEGO Creator Expert Ford Mustang кој ќе биде пуштен во продажба на 1-ви март по цена од 120 фунти и е составен од 1470 делови, вклучувајќи функционален систем за управување, темно сини елементи на екстериерот и специјална челна решетка, а вратите и таванот можат да се отворат.

Mustang

По составувањето, моделчето на Mustang 1967 е со висина од над 10 сантиметри, во должина од 34 сантиметри и ширина од 14 сантиметри, и се одликува со огромен отвор на предниот капак, две импресивни издувни цевки, како и со можност за прилагодување на предниот и задниот спојлер и многу повеќе.

Поврзани вести

Back to top button