НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Ford и Mahindra ќе прават SUV и електрични автомобили

Ford и Mahindra објавија дека двете компании потпишале пет меморандуми за разбирање, со што започна нова блиска соработка за заеднички настап на пазарот во Индија и неколку други во развој

Според постигнатите договори, Mahindra Group и Ford Motor Company ќе работат заедно на развој на нов SUV изведби и мали електрични автомобили. Еден од првите автомобили што ќе биде лансиран ќе биде од C-SUV сегментот, развиен на платформа на Mahindra и ќе биде понуден одделно од двете компании.

Mahindra

-Ford е подготвен да ги понуди најдобрите автомобили, технологии и услуги кои одговараат на начинот на живот и преференции на индиските потрошувачи, рече Џим Фарли, извршен потпретседател на Ford и претседател на оддлението за големи пазари.

Тимовите од двете компании ќе соработуваат и работат заедно во наредните три години, при што главниот фокус во нивната работа е да го поддржат развојот на Mahindra на новите пазари на глобално ниво, врз основа на производствената и дистрибутивна мрежа на Ford.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close