Ford Mustang Mach-E GT доби нов Performance Edition

Иако се очекуваше најмоќниот и најбрз Ford Mustang Mach-E да биде GT верзијата, сепак електричниот SUV добива нова уште помоќна варијанта

Новиот Mustang Mach-E GT Performance Edition е најновиот додаток во опсегот кој нуди моќност од 480 КС 860 Nm вртежен момент, што е за 21 КС повеќе од GT моделот. Ford очекува со новиот Mustang Mach-E GT Performance Edition да достигне спринт до 60 милји на час (96 км/ч) за 3,5 секунди, додека плановите се автономијата на движење со едно полнење да изнесува 378 километри според EPA стандардите. Батеријата останува иста со капацитет од 88 kWh како GT.

Новиот Mustang Mach-E GT Рerformance Edition нуди „повеќе од само поголема моќност“, како што велат од Ford, со оглед на тоа дека моделот пристигнува со поголеми 19-инчни предни сопирачки со црвени Brembo шапи, како и MagneRide адаптивни амортизери кои дополнително го заоструваат управувањето.

Како додаток на сето ова, најбрзата варијанта на електричниот Mustang Mach-E пристигнува со предни Ford Performance седишта прекриени со материјал кој од компанијата го нарекуваат Performance Gray ActiveX со металик шевови и уникатни Miko перфорирани и рефлектирачки инсерти, додека инструмент панелот се карактеризира со уникатен алуминиумски допир.

Mach-E Performance Edition

Ford ќе ги понуди новите Mustang Maсh-E GT и GT Рerformance Edition во неколку карактеристични бои, вклучително Cyber Orange Metallic Tri-Coat, Dark Matter Gray Metallic, Rapid Red Metallic Tinted Clearcoat, Star White Metallic Tri-Coat, Grabber Blue Metallic, Shadow Black, Iconic Silver Metallic и Space White Metallic.

Купувечите кои веќе си резервираа Mustang Maсh-E GT ќе добијат можност да го додадат Performance Edition пакетот на пролет 2021. Новите Mustang Maсh-Е GT и GT Performance Eiditon ќе пристигнат на пазарот кон крајот на следното лето.

Поврзани вести

Back to top button