fbpx

Ford го направи Mustang уште попривлечен

Ford сподели детали за новата верзија на Mustang која ветува дека ќе го направи привлечен за уште поголем број нови клиенти за брендот

Новиот Mustang EcoBoost High Performance Package доаѓа со 2.3 литарски EcoBoost бензински погонски агрегат, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 330 коњски сили и според Ford претставува најмоќен спортски автомобил произведен од американска компанија.

Ford

Пакетот Mustang EcoBoost High Performance доаѓа со спортски систем за сопирање, подобрена аеродинамика и суспензија, доработени од досегашната најоќна модификација Mustang GT, а достапен е за нарачка како кај основната верзија, така и на кабриолетот.

Mustang 2.3L High Performance Package 2020 е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за малку над 4 секунди, a максималната брзина на движење е 250 km/h.

Поврзани вести

Back to top button