НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Ford го направи Tourneo Costum уште попривлечен и поекономичен

Ford најави дека како резултат на воведувањето и подобрувањата на дволитарскиот EcoBlue дизел мотор, Tourneo Costum е во состојба да понуди подобрување во горивната економичност до 6%

Но, и покрај тоа Ford ќе биде прв во сегментот кој ќе понуди MHT (MILD-HYBRID) верзија EcoBlue Hybrid, со што ќе предложи дополнително подобрување, особено при возење во град. Други интересни новости околу Tourneo Costum кои ги споделија од Ford се поврзани со системот FordPass Connect кој нуди пристап до интернет со користење на Wi-Fi модул, понудата на активен паркинг асистент Active Park Assist, систем за задржување на возилото во лента Lane-Keeping Aid и други.

Дволитарскиот EcoBlue дизел мотор на Tourneo Costum е достапен во верзија со 130 коњски сили и 105 коњски сили, а со новиот бран надградби е со максимална моќност со 185 коњски сили и максимален вртежен момент од 415 Nm.

Од оваа година, Tourneo Costum ќе се нуди за прв пат со неколку нови системи за подобрување на активната безбедност, вклучувајќи го системот за поддршка на влечење приколка, адаптивен темпомат со интелигентни ограничувања на брзина, систем за автоматско активирање на сопирачките, систем при опасност од удар со пешак или велосипедист и други.

Ford Tourneo Costum кој е достапен во две основни должини на каросеријата, се нуди во верзија со осум или девет седишта, како и во верзија со шест места каде четири од нив можат да бидат конфигурирани па патниците да седат лице в лице.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close