Ford со нова стратегија и во Европа

Ford ги пренасочува своите планови за европскиот пазар, а фокусот на компанијата ќе биде на SUV изданијата, попрофитабилни спортски автомобили и товарни и патнички комбиња

Крајната цел е брендот да се врати на ниво на профит од пред неколку години на Стариот континент. Извршниот директор на Ford, Џим Хакет, објасни дека шефовите на компанијата се „исклучително незадоволни од работењето на компанијата во Европа”. Минатата година, Ford оствари профит од 234 милиони долари во Европа, но како стојат работите 2018 година ќе ја заврши со загуба. Главниот финансиски директорна Ford, Боб Шенкс, смета дека причините за ова ќе бидат што повеќето од моделите во европската гама на компанијата не се профитабилни.

-Неверојатно, поголемиот дел од нашата палета во регионот, се пласираат со слаби пазарни резултати, а најголемиот дел од приходите треба да пристигнува токму од нив, објасни Шанкс.- Во нашата гама влегуваат главно автомобили и мултифункциони возила или миниванови како C-Max.

Ford

Во Ford веќе се обидоа да го зголемат профитот од најпопуларните модели Focus и Fiesta,им нудат на клиентите различни нивни верзии, а создадени се и верзии кои треба да се продаваат по повисока цена, како изведбите Active и луксузниот Vignale. Но, оваа стратегија не се покажа како профитабилна, додава директорот на Ford за маркетинг, Џим Фарли, кој тврди дека овие верзии носат пари, но помалку од очекуваното.

Во моментов, Ford продава три SUV остварувања во Европа: EcoSport, Kuga и Edge, а во вториот квартал од годината продажбата на првите два модели е рекордна. Затоа од компанијата посочуваат дека ќе треба да се фокусираат на овие свои изданија, а се посериозно е дека Mondeo, европската верзија на Fusion, чиј животен век во САД завршува во 2020 година, а веројатно S-Max и Galaxy ќе излезат од гамата.

Неодамна од Синиот овал истакнаа дека во САД ќе се фокусираат на лансирање на само SUV и пикап изданија, па се чини на одреден начин оваа стратегија се пренасочува и за во Европа. Како сето тоа ќе се реализира преостанува да видиме.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close