НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Ford патентира отстранлив управувач

Ford направи уште еден чекор кон развој на автономните технологии, поднесе барање за патентирање на техника на отстранлив управувач и педали

Ford направи уште еден чекор кон развој на автономните технологии, поднесе барање за патентирање на техника на отстранлив управувач и педали.

Ford
Според објаснувањето на компанијата, управувачот ќе се користи во развојот на автономни автомобили. Но ќе биде понуден како опција по барање на потрошувачите. Од Ford наведуваат дека управувачот ќе има физичка врска со управувањето. Но исто така е можно да се користи технологијата steer-by-wire, која е поскапа. Секако, управувачот и комплетот што може да се отстранат, ќе можат брзо да се вратат на потребната позиција.

Ford

Воланот има воздушна перница и е поставен на таблата со инструменти. Интересно, пријавата за патент е поднесена на почетокот на 2016 година, а дознаваме дури сега. Па ако претпоставиме дека компаниите не ги даваат сите информации за развојот на нивните автономни технологии, се чини ќе бидеме се поблизу до целта. Се очекува ова мошне интресно конструктивно решение да дојде заедно со сериските автономни автомобили.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close