Ford го „оживува“ Mustang Bullitt

За да одбележи 50 години од легендарниот филм Bullitt и неговата незаборавна сцена, речиси десетминутно гонење по улиците на Сан Франциско, Ford ја прероди иконата Mustang Bullitt со специјална лимитирана серија

Новиот Mustang Bullitt, кој е во состојба да развие максимална брзина од 260 km/h е опремен со доработен 5.0 V8 мотор со максимална моќност од 475 коњски сили, класичнa Dark Highland Green надворешнa боја, стилски хромирани апликации, 12-инчен LCD инструменталeн блок, седишта RECARO со кожен тапацир и уникатен колорит, бела топка на рачката на менувачот, издувен систем со активно управување на звукот ….

-Овој нов Bullitt е многу сличен на оној на Стив Меквин, навистина е кул, а направен без да вложиме многу напор, бидејќи е „од срце“, коментира Дарел Бимер, шеф-дизајнер на Mustang. -Како дизајнер, ова е мојот омилен модел – без ремени, спојлери и амблеми, а сепак е крајно кул.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close