НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Нови предлози од Ford Performance за FORD ST, RS и MUSTANG

Ford објави дека воведува на европскиот пазар новини од Ford Performance Parts, во кои се вклучени висококвалитетни специјално развиени и одобрени за употреба елементи и делови за подобрување на визијата, звукот и патното однесување на возилата од гамата на спортскиот оддел на брендот

Во пилот серијата од Ford Performance Parts, претставена за прв пат за време на Essen Motorshow во Германија, се вклучени околу 70 предлози, кои веќе можат да нарачаат од дилерската мрежа на брендот и можат да бидат доставени до вашата адреса.

Од Ford коментираат дека портфолиото на Ford Performance Parts ќе биде проширено дополнително, а ќе се нудат производи и за други модели на фирмата, освен како што е во моментов – новата Fiesta ST, Focus ST, Focus RS, Mustang и суперспортскиот GT.

Во портфолиото на Ford Performance Parts има позиции за стилски промени и опции за оптимизација за суспензија, издувни гасови, мотори и многу повеќе. Некои од нив се развиени заедно со специјалисти во релевантните области како што се Roush, Borla, KW и Remus, а нивните квалитети биле тестирани во реалните услови, на легендарниот Nürburgring Nordschleife.

Заедно со воведувањето на овие нови предлози, Ford Performance за првпат се претставува во Европа и нејзината уникатна Drift Stick.

Ford Performance Parts

Ford Performance Parts

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close