Ford ја претстави Liquid Carbon верзијата на GT со поголема моќност

Купувачите кои оваа година ќе се одлучат за Ford GT ќе можат да сметаат на нешто посилен мотор, унапредени перформанси и карбонска каросерија без боја

Во чест на прославувањето на 50 години од првата трка на издржливост 24 часа Ле Ман, Ford кон крајот на 2016 година започна да произведува бројно ограничено издание на втората генерација на суперспортскиот модел GT чие производство е продолжено за уште две години и ќе трае до 2022 година, а сега американскиот производител го претстави унапредениот Ford GT 2020 на Саемот во Чикаго.

Промената на сите 250 планирани примероци кои ќе бидат произведени и испорачани оваа година вклучуваат нешто помоќен централно сместен 3,5-литарски V6 ЕcoBoost twin-turbo мотор со 669 КС, што е за 13 КС повеќе од претходниот модел. Исто така, тука се и низата технички унапредувања кои на моторот му помагаат при големите оптеретувања и високи температури, како и поголемиот распон на најголемиот вртежен момент и поголеми ладилници за подобро ладење. На купувачите ќе им се понуди и можност да изберат карбонска каросерија на која нема да има бои.

Во одделот Ford Performance мислат дека јасно видливите карбонски панели одлично ќе се вклопат со карбонските тркала кои во каросериската опција Liquid Carbon ќе бидат дел од стандардната опрема. Дел од оваа опрема ќе биде и издувниот систем на реномираната словенечка компанија Akrapovič, која испорача титаниумски издув и за сериската верзија, кој е 4 килограми полесна од стандардниот, со кој супербрзиот GT е уште полесен и побучен. Тимот на дизајнери се погрижи за аеродинамични промени на задниот дел од автомобилот, па сега струењето на воздухот е зголемено за цели 50 проценти.

Промените завршуваат со рекалибрираниот систем на потпирање кој во режимот Track ќе обезбеди уште подобро управување низ брзите свиоци (на затворени патеки). Од Ford посочуваат дека Ford GT Liquid Carbon ќе се произведува во 12 примероци годишно, а цената изнесува 750.000 долари.

Ford со специјална верзија на GT40

Треба да се напомене дека Ford подготви и специјална верзија на Gulf Racing Heritage со препознатливиот изглед, која стана позната на Ле Ман трките, кога Ford GT доминираше во 1968 и 1969 година. Препознатливата сина и портокалова боја се тука, но се поставени во нов дизајн кој вклучува и црна лента. Овој модел, како што напоменавме, е „омаж“ на култниот GT40 кој доминираше на 24 Ле Ман, а бројот 6 исто така е неизоставен дел од овој победнички автомобил. Исто како и Liquid Carbon верзијата, така и оваа доби исто унапредување кога станува збор за перформансите. Договорот меѓу Ford и купувачите според кој купувачот својот GT смее да го продаде по две години сопствеништво важи и понатаму.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close