Ford го претвора новиот Focus во кросовер

Новата генерација на Ford Focus беше претставена пред помалку од еден месец, а сега американскиот производител покажа и една од неговите специјални модификации – кросоверската изведба Active

Имено, ова ќе биде една од двете дополнителни изведби што Ford планира да ги понуди на американскиот пазар. Идејата на компанијата е тој да изврши сосема поинаква улога и да стане главен конкурент на Subaru Crosstrek, што во Европа е познат како XV. Инаку, Ford Focus Active доби дополнителни елементи за дизајн од SUV сегментот, зголемен клиренс за 30 mm, засилена конструкција и пластични заштитници за делови од каросеријата.

Active
Ford Focus Active 2019

Засега, компанијата не открива дали Active верзијата ќе биде достапна со погон на четири тркала.

Меѓутоа, јасно е дека за оваа модификација ќе биде опремена со нов 1.5-литарски турбомотор EcoBoost со три цилиндри во две варијанти на моќност – 148 и 180 КС. Интересно е дека Focus Active нема да се произведува во САД или во соседните Мексико и Канада, туку во Кина, каде ќе се извезува на пазарите зад Океанот.

Продажбата на Ford Focus Active во САД стартува во средината на 2019, додека во Европа моделот ќе се појави во 2020 година Заедно со него излегува и уште една верзија на моделот – Focus ST, чија светска премиера ќе се одржи во септемри. Новиот Focus ST ќе биде спакуван со модифициран мотор од претходната генерација на Focus RS . Ова значи дека новината ќе биде опремена со 2.3-литарски EcoBoost, со моќ над 250 КС. Во старата RS верзија, моторот беше комбиниран со 6-брзински мануелен менувач.

Active

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close