МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Ford со нов продажно-сервисен објект

Овластениот импортер и сервисер на возилата од марката Ford за нашава земја од сега во нов објект на нова локација во Скопје

Ми-Да Гранд Моторс, овластен застапник за гамата на Ford возилата, од сега на нова локација во главниот град. Комплетно новиот продажно-сервисен објект располага со три продажни салони, каде потенцијалните сопственици ќе имаат прилика да се запознаат со најновите модели и технологии на Ford, а во идина ќе имаат прилика и да ја погледнат понудената листа на половни возила.

Како дел од новиот објекот е секако и сервисниот центар, кој располага со капацитет за сервисирање на поголем број возила, како патнички така и комерцијални, во врвни услови од страна на професионално обучен кадар.

Од сега продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс, како и сервисниот центар на Ford ќе може да ги посетите на ул. Босна и Херцеговина бр. 1. Повеќе информации на https://ford.mk/.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close