Ford со видео го најави новиот Mustang Mach-E

Американската компанија Ford објави видео за новиот Mustang Mach-E електричниот кросовер кој наскоро се очекува во Европа

Неколку дена пред Tesla да започне со испорачувањето на својот Model Y кросовер, Ford Europe на својот Youtube канал објави ново видео прикажувајќи го својот конкурент на пазарот за електрични кросовери, целосно новиот Ford Mustang Mach-E.

Mustang Mach-E веројатно е единствениот вистински конкурент на Tesla Model Y, барем кога станува збор за поблиската иднина. Доказ за тоа се и пазарните резултати, со оглед на тоа дека Mach-E е речиси распродаден во првата фаза од порачките со речиси 50.000 примероци.

Ford Mustang Mach-E ќе се нуди со стандардна и опција за батерија со долг домет, а ќе пристигне со погон на задните или сите четири тркала. Според Ford, верзијата која ќе нуди најголем домет ќе пристигне со автономија од најмалку 480 километри. Од американската компанија најавија дека производството на Mustang Mach-E ќе започне на есен оваа година. First Edition моделите ќе започнат со испорака кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година, а интересно, автомобилот најпрво ќе се појави на пазарот во Европа, по што ќе се пласира во САД.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close