fbpx

Според патентот, Ford својот електричен модел ќе го именува Mach E

Љубителите на Ford Mustang воопшто не ја примија веста дека Ford може идниот електричен SUV да го именува Mach 1

Името Mach припаѓа на еден од најмоќните и тркачки верзии на Mustang од 1969-та и е меѓу повеќето почитувани и барани модели од колектори. Со испраќањето на патентот од Синиот Овал настанува нова можност за името да биде Mach E.

Ford има поднеседно барање за името за употреба за означување возила. Во врска со истрагата за подаденото барање, портпаролот на Синиот Овал Мајк Левин вели:

„Пријавата за трговска марка е наменета да се заштитат нови идеи, но не е показател за нов бизнис илипланиран нов производ“.

Mach E

Кога за прв пат излезе идејата за иден електричен SUV, од Ford рекоа дека сакаат тој да ги развие способностите на Mustang, како и да користи елементи од дизајнот на класиката. Од брендот сакаат автомобилот да ги има можностите од моделот F-150 Raptor.

Можно е името да биде искористено за новата хибридна верзија на каросеријата Mustang, за што од Ford велат дека се развива интензивно во моментов. SUV модеот пак е познат веќе како „300-mile electric SUV“ и е повеќе од јасно дека има потреба од добро име. Предвидено е моделот да излезе во продажба кон крајот на следната 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button