ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Ford тестира нов визуелен јазик

Тестот се состои од визуелен јазик врз основа на светла кој би помогнал во комуникацијата на автономните возила и пешаците

Инжењерите на Ford тестираат дали светлата во различни бои кои би биле поставени над шофершајбната би можеле да бидат добро решение за премостување на комуникацискиот јаз меѓу автономните возила и луѓето. Тестовите во Германија биле многу добро прифатени од страна на пешаците, обезбедувајќи основа за развој на истражувањето.

Ford го тестира овој приод кој користи светла со цел да им посочи на луѓето што возилото прави во моментов и што би правело, односно дали планира да застане или ќе продолжи да се движи. За тестирањето да биде пореално компанијата создаде “Human Car Seat” кое е инсатлирано во Transit Connect. Возилото е дизајнирано да личи на автономно возило, а возачот е скриен во седиштето.

“Во основа, луѓето треба да им веруваат на автономни возила и да се развие едно универзално визуелно средство за комуникација е клучот за тоа. Вклучувањето на возач во овој автомобил беше една од тие идеи. Реализацијата на овој проект беше апсолутно најдобриот и најефикасниот начин да откриеме се што требаше да знаеме “, рече Торстен Ворвел, менаџер на секторот за развој во Ford of Europe.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close