fbpx

Ford Transit Connect уште поефикасен

Новиот Transit Connect ветува уште подобра горивна економичност, благодарение на технолошките иновации кои Ford ги интегрира во модификационото портфолио на компактниот ван

Главните акценти кај моделот се поврзани со интеграцијата на нов дизел мотор, оптимизиран бензински, како и неколку нови варијанти во однос на менувачките кутии, кои ветуваат подобрување во горивната економичност и CO2 емисиите до 12%. Новиот Transit Connect, кој е дел од четиричленото семејство Transit на Ford, за кој компанијата потенцира за реализирани вкупно 126.000 продажби на основните европски пазари во првите 5 месеци од годинава, веќе доаѓа со целосно нов 1.5 литарски EcoBlue дизел мотор.

Погонскиот агрегат е достапен во три верзии според моќноста 75, 100 и 120 коњски сили, а просечната потрошувачка се движи од 4,7 до 5,0 литри на 100 километри. За оние корисници кои се фокусираат на бензинот како енергетски извор, од Ford е предвидена нова модификација со оптимизирана верзија 1.0 литарскиот трицилиндерски EcoBoost мотор, кој доаѓа со функција за моментално деактивирање на работен цилиндар и постигнување на просечна потрошувачка на гориво од 6,4 литри на 100 километри.

Transit Connect

Друга новина во модификационното портфолио на Ford Transit Connect е воведувањето на шест-брзински мануелен менувач како стандардна опрема за сите верзии, како и целосно нова осумстепена автоматска трансмисија, како опција, при модификациите 1.5 EcoBlue во варијанти 100 и 120 коњски сили. Новата автоматска кутија доаѓа со неколку интересни функционалности, вклучувајќи и адаптивно префрлување во зависност од стилот на управување, како и препознавање на наклон на спуст или искачување за оптимизирана работа.

Дополнителна заштеда на гориво кај Ford Transit Connect е постигната преку оптимизирање на аеродинамиката на возилото, воведувањето на ECO режим на работа и други поединости.

Поврзани вести

Back to top button