fbpx

Formula 1: Бонус поен за најбрз круг во сезоната 2019

Само неколку дена пред почетоткот на сезоната 2019, организаторите на Formua 1 соопшти интересен предлог во системот за распределбата на поени

Во новата сезона на Formula 1 ќе се доделува бонус поен за најбрзиот круг за време на трката, кој ќе се брои како за соодветниот пилот, така и за неговиот тим. За стекнување на поенот за најбрз круг сепак има и едно услов, тој ќе биде доделен само во случај ако пилотот постигнал најдобро време и се има пласирано во Топ 10.

Доколку тој се најде под десеттата позиција автоматски ја елиминира бонусната награда. Организаторите на Formula 1 сметаат дека новата иницијатива ќе додаде дополнителна нота на интерес како меѓу пилотите во Топ 10, така и оние надвор од првите десет.

Поврзани вести

Back to top button