Рикардо најдобар низ улиците на Монте Карло
Дениел Рикардо од RedBull ја освои Гран при на Монако, што традиционално се вози низ улиците на монденскиот Монте Карло, иако имаше дефект во системот за погон на неговиот болид констатиран кон средината на трката
Втор и трет завршија Себастијан Фетел на Ferrari и Луис Хамилтон на Mercedes.
Беше очигледно дека Австралианецот има проблеми со болидот за што и му беше потврдено од боксот. Но,успеа да издржи и покрај падот во темпото, а и некој збиднувања на патеката му „одеа од рака“, па на крајот повторни пиеше шампањско од својата патика, традиција која Рикардо ја повторува веќе неколку пати откако ќе се најде на врвот на победничкиот пиедестал, прославувајки ја на тој начин првата своја победа во кнежевството.
И покрај проблемите Рикардо имаше своја стратегија, возеше тактички и со ултрамеките слик гуми ја задржа првата позиција од стартот до самиот крај, па заслужено стигна до нова победа во својата кариера. Кими Раиконен со другиот болид на Ferrari остана на четвртата позиција, издржувајки го притисокот што го наметна Валтери Ботас, кој се реши за супермеки гуми очекувајки дека дека пилотите пред него ќе запираат двапати во боксот, Но, тактиката не му успеа и остана петти до самиот крај на трката.
Пред првите и единствени застанувања во боксот, Рикардо имаше предност од над 3 секунди и половина, а потоа се врати пак на чело на колоната со две секунди предност. Потоа откако почна да ја губи моќта, Фетел на неколку пати се доближуваше до малку над половина секунда зад него, но не го нападна. Хамилтон имаше сериозни проблеми со ултрамеките гуми и на неколку пати потенцираше дека се сомнева дека не ќе може да ја заврши трката, но тоа стана возможно поради послабото темпо кое го наметна лидерот.
Еден од претендентите за подобар пласман – Фернандо Алонсо со McLaren беше единствениот од Топ 10, кој поради дефект на менувачот не ја заврши трката. Неколку круга пред крајот останаа без сопирачки Шарл Леклер со Sauber, кој го удари одзади Брендон Хартли со Toro Rosso и за кратко имаше потреба на виртуелниот автомобил за сигурноста, што секако беше во полза на Рикардо. При рестартот Рикардо беше единствениот кој успеа да ја врати температурата во гумите, што му овозможи да се одлепи пред Фетел и Хамилтон.
Во генералниот пласман Хамилтон сега има 110 поени, пред Фетел со 96, а Рикардо се проби до третата позиција со 72 бодови.