НАСЛОВНАСПОРТ

Formula 1 ја загуби легендата Ники Лауда

Трикратниот светски шампион во Formula 1, Ники Лауда починал вчера, соопшти неговото семејство, a неговите најблиски биле со него во неговите последни часови

Ники Лауда почина на 70 години, а докторот Валтер Клепетко, кој минатата година му пресади бел дроб, исто така, ја потврди смртта на поранешниот пилот.

„Уникатните успеси како спортист и претприемач остануваат незаборавни“, се вели во соопштението на семејството Лауда до австриските медиуми. „Тој беше неуморен, отворен и многу храбар, тоа останува како пример и стандард за нас. Настрана од јавното внимание, тој беше сопруг, татко и дедо. Многу ќе недостасува“.

Ники Лауда

Ники Лауда има три светски титули во Formula 1: во 1975, 1977 и 1984. Првите две се со Ferrari, а меѓу нив е и најстрашната катастрофа во кариерата на Лауда – на Нирбургринг во 1976, кога тој поминува 40 секунди во кокпитот во пламен на 800 степени. Сепак, иако беше на прагот на смртта, шест недели подоцна Ники се врати во битката за титулата на Монца, но на крајот на сезоната е поразен од страна на Џејмс Хант.

Во 1979 година Лауда става крај на кариерата во Formula 1, но во 1982 се враќа во McLaren, за да ја освои третата титула во 1984, по што во 1985 повторно го напушта спортот, за да се оддаде целосно на авијацијата. Од 2012 Лауда беше директор на Mercedes и ТВ аналитичар на RTL.

Минатата година Лауда претрпе трансплантација на бели дробови, а во почетокот на 2019 влезе во болница поради инфекција по компликации со грип. Според австриските медиуми, во последните неколку дена Ники бил во болница во Швајцарија поради проблеми со црниот дроб.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close