fbpx

Фотографија на новиот Porsche 911 без камуфлажа

Голем бум на интернет страниците предизвика фотка на новиот суперавтомобил Porsche 911 (992) без камуфлажа

Нејзиниот главен извор беше од Германија, која се најде на социјалната мрежа Instagram, за да потоа биде брзо отстранета. Брзите корисници, сепак, успеаја да направат фотка од прикажаното и да ја стават на интернет. Фотката е од задниот дел на спортскиот автомобил и од неа се гледа дека таа е оформена во стилот на новата Panamera.

Повеќето интернет корисници се сложуваат во мислењето дека сепак ова е Carrera S.

Porsche 911Новата генерација на Porsche 911 нема да ја видиме на салонот за автомобили во Женева. Таму Германците планираат да ја покажат обновената 911 GT3 RS (991.2) од оваа генерација.

Затоа фановите мораат да чекаат до есен. Дебито на новиот Porsche 911 најверојатно ќе биде на Салонот за автомобили во Париз. Како и секогаш, опсегот на моделот на Porsche 911 ќе биде доста разновиден.

Моќта на базната Carrera ќе додаде 30 КС и ќе бидат вкупно 400. Carrera S ќе се напојува со мотори од 420 и 450 КС. Под хаубата на новата генерација на Porsche 911 Turbo ќе има и мотор со 600 коњи, а 911 Turbo S ќе може да се пофали со моќност од 630 КС. Освен тоа, за прв пат не очекува хибридна варијанта на 911. Таа ќе се појави до 2023.

Porsche 911

Поврзани вести

Back to top button