Во Франција 12.000 нови станици за полнење на електромобили

Франција е шампион за 2017 година во инсталирање на станици за полнење на електрични возила - речиси 12.000

Французите се пред Германија каде во употреба се пуштени 8.000 и Велика Британија каде што новите места за полнење на електрични и plug-in хибриди се околу 2.800. Во моментов на пазарот на електрични автомобили, Франција сепак заостанува зад земјите со најголем пласман во Европа, бидејќи минатата година моделите на батерии оствариле едвај 1,5% од продажбата на нови возила.

12.000 нови станици за полнење

12.000 нови станици за полнењеСлична е и ситуацијата во Велика Британија – 1,7% од вкупниот пазар на автомобили. Лидер во оваа насока е Норвешка со над 34% од пазарот за минатата година за продажба на електрични возила.

Растот во инсталирањето на пунтови за полнење во Франција се објаснува со одлучна акција на владата да инвестира во инфраструктурата, која ќе помогне за борбата со загадувањето на воздухот.

Не само Париз, туку и многу други градови во Франција го имаат овој проблем.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close