Франција официјално му даде заем на Renault од пет милијарди евра

Владата на Франција официјално му одобри кредит во износ од пет милијарди евра на автомобилскиот производител Renault

Француската држава има сопственост од околу 15 проценти во Renault и поради тоа владата дава гаранции во врска со кредитот во износ од пет милијарди евра со цел ојакнување на финансиите на оваа компанија во преиодот на пандемијата на коронавирусот. Инаку, владата на Франција дава гаранции во висина од 90 проценти од вкупниот износ, соопштуваат од Renault.

Во реализацијата на овој заем се вклучени пет различни банки, а од Renault сооптшуваат дкеа заемот ќе помогне за финансирање на ликвидноста на компанијата. Renault веќе подготви план за штедење кој би требало да им заштеди две милијарди евра во следните три години. Но, според барањата на француската влада, овој план не смееше да подразбира затворање на фабрики во матичната земја, но и да се продолжи во вложување во развојот на EV технологијата. Францускиот производител ги испочитува условите од државата и го доби заемот.

Францускиот производител на автомобили минатата недела најави дека планира укинување на 15 илјади работни места ширум светот, од кои 4.600 во Франција, каде компанијата ќе бара доброволни заминувања и ќе ги користи програмите за пензионирање. Најавата во текот на викендот предизвика протести во некои фабрики, пред се во Maubeuge на северот од Франција, и покрај тоа што претседателот на Renault Жан Доминик Сенар вети дека таа фабрика нема да биде затворена.

Министерот за финансии на Франција, кој претходно со драматични изјави, веројатно со цел да го подготви теренот за овој заем за Renault, понуди слична финансиска помош и за останатите автомобилски производители од Франција, но засега никој нема покажано желба за државен кредит.

Поврзани вести

Back to top button