ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Протести во Франција против ограничувања на брзината

Француската влада беше бомбардиран со критики, откако најави дека планира да направи законски измени со кои ќе се намали ограничувањето на брзината на втората по ранг патна мрежа во земјата, за 10 km/h

Доколку промените се прифатат, нa двонасочните патишта во Франција ќе мора да се управува со 80 km/h, а не како досега 90 km/h.

Францускиот премиер Едуард Филип е еден од иницијаторите на предлогот, a eве што напишал на неговиот личен Twitter профил за во оваа прилика: „Повеќе од половина од фаталните несреќи на патната мрежа од втора класа се случуваат поради бариерите што недостасуваат меѓу двата правци на патишта.

Затоа максималната дозволена брзина ќе се намали од 90 на 80 km/h “.

И покрај добрите намери на власта, промените беа окарактеризирани како „апсурдни” од клубот на француските автомобилисти 40 Millian Motorists. “Оваа доста непопуларна мерка делува рестриктивно за автомобилистите и ја осакатува економијата”, истакна претседателот на групата, Даниел Керо.

Франција

„Решението е апсурдно, бидејќи нема логика. Единствениот аргумент кој поддржувачите на промените го истакнуваат постојано, е една математичка теорема развиена од шведски истражувач во 80-тите. Не е земена предвид состојбата на патиштата, безбедноста на современите автомобили или било што друго поврзано со конкретните услови со кои возачите се принудени да се справат“.

ФранцијаФилип се сретна со значителен отпор и во социјалните мрежи, а многумина од корисниците сметаат дека единствената причина да се намали ограничувањето на брзината е да се соберат повеќе пари од казни. Други, пак сметаат, дека одлуката не е решение за вистинските проблеми поврзани со француската безбедност на патиштата, истакнувајќи дека голем дел од нив се во лоша состојба, што придонесува за катастрофите.

И покрај критиките, Филип ја бранеше одлуката, додавајчи: „Да бидеме јасни. Мерките што ги објавуваме денес исполнуваат еден единствен критериум: намалување на бројот на несреќи и нивната сериозност. Брзината е водечка причина за повреди на луѓето. Дури и кога брзината не е главната причина за инцидентот, таа го одредува неговото потекло, а понекогаш и двете во исто време.“

Клучни зборови

Поврзани вести

Close