ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Франција со строги мерки против конвенционалните загадувачи

Франција е на пат да ја забрани продажбата на новите бензински и дизел автомобили до 2040 година

Француската министерка за транспорт, Елизабет Борн, изјави дека новиот закон за мобилност, кој исто така ќе го олесни воведувањето на повеќе станици за полнење на електричните возила, ќе овозможи залагање за забрана на бензинските и дизел возила.

Предлогот за забрана на продажбата на возила со погон на фосилни горива првпат беше направен во јули 2017 година од страна на поранешниот министер за животна средина, Николас Хуло, на почетокот на мандатот на претседателот Емануел Макрон. Меѓутоа, Хулот поднесе оставка во септември 2018, при што стана нејасно дали планот ќе продолжи.

Франција

„Ние имаме за цел да достигнеме состојба на јаглеродна неутралност до 2050 година и ни треба веродостојна траекторија кон тоа, која вклучува забрана за продажба на возила што трошат фосилни горива до 2040 година”, вели Елизабет Борн во интервјуто.

Законот за мобилност на Франција ќе им овозможи на жителите на станбените згради да побараат постоење на станици за полнење на електрични возила на нивните паркиралишта. Дополнително, реформата ќе промовира алтернативи за индивидуална употреба на автомобилите, ги надградува железничките мрежи и ќе создаде правна рамка за решенија за мобилност како велосипеди, електрични скутери и споделување на автомобили.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close