fbpx

Француски дизајнер го оживеа Studebaker Champion 1960

Францускиот дизајнер Жереми Гомес го „оживеа“ легендарниот бренд Studebaker, инспириран од култниот модел Champion 1960 кој доби модерен изглед

Низ историјата постојат повеќе згаснати брендови, отколку што има активни низ светот во моментов, а САД е земјата со најмногу заборавени марки. Имињата како Vord, DeSoto, Duesenberg, Imperial, International Harvester, LaSalle, Mercury, Nash, Oldsmobile, Packard, Plymouth, Pontiac, Stutz се само дел од оние кои не успеаја да опстанат на пазарот и да се изборат со големата конкуренција и налетот на странските производители, барем кога станува збор за американскиот пазар.

Еден од нив е и Studebaker, една од првите американски компании кои влегоа во автомобилскиот бизнис во далечната 1902 година, 50 години откако беше создаден како производител на вагони, баги возила и кочии. Од 1902 до 1966 година, кога поевтините модели на конкурентите ја натераа оваа компанија да прогласи банкрот, Studebaker произведе неколку спектакуларни и култни модели.

Studebaker

Меѓу најистакнатите возила се 1911 Electric Coupe, 1928 Commander Roadster, 1932 President St. Regis Brougham, 1953 Champion Starlight/Starliner Hardtop, 1963 Lark Sedan и 1963 Studebaker Avanti No.9. Поради овие модели и ден денеска постојат голем број луѓе кои се носталгични за овој бренд, а многумина и се обиделе да го вратат во живот. Дизајнерот Жереми Гомес е еден од нив, иако неговиот обид да го оживее Studebaker е дизајнерска вежба и ништо повеќе.

Studebaker

Инспириран од 1950 Studebaker Champion, дизајнерот направи модерна верзија на ова купе на американскиот производител, кој изгледа навистина прекрасно. Гомес ги искористи клучните дизајнерски линии, вклучително и предницата која има култен статус, како и аеродинамичната форма и ги искомбинира со модерни елементи како тенки LED светла, „лебдечки покрив“ и сокриени рачки на вратите.

„Целта беше да се креира оживување на предницата од Studebaker Champion позната како bullet nose, инспирирана од носовите на морските лавови и текот на движењата карактеристични за тој период“, изјави Жереми Гомес, дизајнерот на овој уникатен примерок на Studebaker Champion.

Поврзани вести

Back to top button