НАСЛОВНАНОВИТЕТИСАЕМИ

Франкфурт 2019: BMW со различен предлог за мобилност

Како пионер на електрична мобилност, BMW Групацијата исто така се подготвува за различните барања за мобилност на иднината и го презентира своето експериментално возило на горивни ќелии BMW i Hydrogen NEXT

Од компанијата се сигурни дека во иднина ќе има различни алтернативни форми на погон во исто време, бидејќи не постои единствено решение што ги задоволува сите потреби. Водородните автомобили се важна алтернатива и ги дополнуваат електричните погони кои работат на батерии. Оваа разновидност на електрифицирани погонски технологии, на кои припаѓаат Plug-In хибридите, ја потенцира намерата на BMW Групацијата да преземе добро осмислена патека до нула штетни емисии.

BMW Групацијата планира да ја претстави следната генерација на погон на водородни горивни ќелии во мала серија во 2022 година. BMW i Hydrogen NEXT ни овозможува да видиме како ќе изгледа оваа серија. Но, доколку се биде во ред со таа серија на возила, BMW ќе им понуди на своите потрошувачи горивни ќелии за краток период или во 2025 година, во зависност од барањата на пазарот и условите на животната средина.

BMW

BMW i Hydrogen NEXT покажува дека оваа технологија може да се интегрира во динамичен автомобил како што е BMW X5. Дизајнот на автомобилот е малку изменет за да го има оној претпознатлив изглед на i семејството. Во BMW – i е симбол на иновации и инкубатор на сите нови технологии.

Возилата со водородни горивни ќелии (FCEV) овозможуваат неограничена подвижност на нулта емисија со исто однесување како и конвенционалните возила: време на полнење помало од 4 минути, долга километража, непроменета удобност, погоден за влечење приколка… сепак, важен основен предуслов е соодветната инфраструктура за полнење на водород, која во повеќето земји е сè уште во многу рана фаза на градба.

BMW

BMW ја најави идната Серија 4

Новата Серија 4 се очекува во 2020 година, а Баварците веќе го навестија изгледот на идниот модел. На саемот за автомобили во Франкфурт, компанијата го претстави BMW Concept 4 купе, каде гледаме нова конфигурација на решетката – една од најзаговорните елементи за дизајнот на марката неодамна.

За разлика од BMW Vision iNext прикажан порано, двата дела на решетката не се споени овде, а компанијата е уверена дека овој пристап ќе им се допадне на клиентите. Не е јасно точно кои елементи од Concept 4 ќе ги добие идната Серија 4, но се очекува да ја задржи динамичната силуета, продолжениот преден капак, тесната оптика и задните светла во L форма.

Концептот има доста големи тркала од 21 инчи, страничните ретровизори се многу тесни, одзади е доминантен масивниот дифузер, но според сите информации овие детали ќе останат на штандот во Франкфурт, односно во студиото на BMW Design. Идејата за идната Серија 4 ќе го следи стилот на новата Серија 3, која беше презентирана на почетокот од годинава.

Според главниот дизајнер на компанијата – Домагој Дукетс, BMW Concept 4 е насликан во стилот на класичните модели на марката, претежно BMW 328 и BMW 3.0 CSi, а задачата на дизајнерите била да ја покажат еволуцијата во стилот на компанијата.

Засега нема технички карактеристики за концептот на BMW, а исто така се изоставени и слики од ентериерот. Од нив се очекува да бидат идентични со врвните верзии на седанот од Серија 3.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close