fbpx

Франкфурт 2019: Lamborghini се пофали со Sián

Ако ве интересира нешто повеќе за моделот на Lamborghini, кој го видовте на нашиот истаграм профил, тогаш сте на вистинско место

Моделот е произведен во ограничена серија од само 63 единици кои се веќе продадени. Ова е најбрзиот Lamborghini до сега. Специфично за него е футуристичкиот дизајн, кој привлекува со златните детали и хексагоналните LED светла. Во себе го има V12 мотор, кој е во комбинација со хибридната технологија. Lamborghini Sián има погонски систем, комбинација од 6.5 литарски V12 бензински агрегат и 48V mild hybrid систем, погон на сите тркала и 7-брзински менувач.

Lamborghini Sián IAA 2019

Моќноста од 819 коњски сили го забрзува од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди, а технологијата за акумулација на енергија за прв пат се појавува во Sián, што резултира со електричен систем кој тежи само 34 килограми и обезбедува совршена дистрибуција на тежината.

Lamborghini Sián вклучува високо напреден систем за сопирање специјално развиен за брендот. Дизајнот дава јасна слика за оптимизираната аеродинамичка ефикасност и технолошката моќ.

 

Поврзани вести

Back to top button